Станковски: Работнички сака да се врати на победничките патеки

Според ФК Работнички многу фудбалски клубови имаат тешкотии во финансирањето/фото: ФК Работнички

Работнички и Скопје денеска со почеток од 14.00 часот ќе го отвораат 10 коло од Првата македонска лига.

„Романтичарите“ на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречекаат Скопје во првиот натпревар по репрезентативната пауза. Главен судија на денешниот меч ќе биде Александар Ставрев.

Младинскиот репрезентативец Лука Станковски се надева дека Работничките ќе се врати на победничките патеки.

– Паузата беше искористена за анализа и подготовка за следните искушенија, иако тимот не беше комплетен со оглед дека има младински репрезентативци. Но, по враќањето од репрезентативната акција веднаш се фокусиравме на новите првенствени предизвици затоа што сакаме да вратиме на победничките патеки.

Денеска ни гостува тимот на Скопје, еден квалитетен и максимално борбен состав, што заслужува респект. Ние ќе мораме да дадеме 150% од можностите доколку сакаме да ја оствариме целта и да стигнеме до триумф – вели Станковски.

В сабота во истиот термин ќе се играат преостанатите пет средби од рундата: Струга Трим Лум – Борец, Академија Пандев – Шкендија, Тиквеш – Шкупи, Ренова – Пелистер и Брегалница – Македонија ЃП.

Табела: Шкупи 20 бодови, Ренова 18, Академија Пандев 15, Работнички 15, Шкендија 14, Струга Трим Лум 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 19, Скопје 9, Борец 7, Тиквеш 6, Пелистер 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот