Станковиќ пред ангажман во Серија А, преговорите веќе се започнати

Брага - Црвена Звезда/9 декември 2021/фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Српскиот стратег Дејан Станковиќ наскоро би можел да седне на клупата на Сампдорија.

Италијанскиот клуб по поразот од Монца за викендот го отпушти тренерот Марко Џампаоло, а веднаш потоа започнаа шпекулациите за пристигнување на Станковиќ во клубот.

Сампдорија се обидуваше да го доведе Станковиќ уште во текот на летото, но тогаш тој одлучи да го продолжи договорот и да остане во Црвена Звезда. Сепак од српскиот клуб Станковиќ си замина после елиминацијата во квалификациите од Макаби Хаифа.

Во претходниот период Станковиќ се поврзуваше и со Интер како можен наследник на Симоне Инзаги ако го напушти клубот, меѓутоа ситуацијата со Сампдорија наводно е далеку посериозна.

Веста за преговорите на Станковиќ со Звезда ја потврди познатиот италијански новинар Николо Шира, еден од најдоверливите кога станува збор за Серија А. Сампдорија очајно ја започна сезоната и во овој момент последнопласирана екипа на табелата со само два освоени бодови, па јасно е дека Станковиќ ако дојде го чека тешка борба за опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот