Станковиќ: Многу научив од Мурињо, Манчини, Михајловиќ..!

фото: твитер

Денеска фудбалскиот клуб на Црвена звезда го промовираше својот нов тренер, Дејан Станковиќ кој потпиша договор на две и пол години.

– Многу научив од моите ментори, ќе ги земам трпението на Ериксон, работата на терен од Манчини, карактерот на Мурињо, истрајноста на Михајловиќ. Велат дека немам искуство, но ќе се борам како лав. Мурињо падна во несвест, не можеше да верува, ме праша Деки зарем ти? Ми посака среќа – вели рече Станковиќ кој рече дека ќе бара совети, но одлуките ќе ги носи сам.

Инаку, на социјалните мрежи се појави заедничка фотографија на досегашниот тренер Владан Милојевиќ кој се повлече, и новиот Станковиќ.

– Тоа е нашата Звезда. Долго сум во фудбалот, ама не паметам поранешниот тренер да бил толку среќен и пријателски расположен кон тој што го заменува – додаде Станковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот