Станков: Резултатот не е добар, одиме на победа против Шкупи!

Принтскрин/YouTube FC Pyunik

Шкупи извлече поволен резултат од првиот дуел во Ерменија, иако тимот од Чаир можеше да си замине и со триумф од гостувањето, во текот на мечот водеше и со 3:1.

Претходно стратегот на чаирчани, Умит Каран на прес конференција изјави дека неговите играчи немаат намера да играат на 0:0 (1:1 или 2:2, евентуални резултати кои го водат Шкупи во наредната фаза).

Во главниот град веќе се наоѓааат фудбалерите на Александр Тарханов, овој клуб и во минатото се соочувал со македонски екипи и сите досега ги елиминирал.

Ова лето во редовите на противничкиот тим дојде и македонскиот играч одговорен во делот на одбраната, Антонио Станков кој ги сподели своите очекувања во пресрет на возвратната пресметка.

– Ова е важен натпревар за нас, во првиот дуел одигравме 3:3. Резултатот не е добар, бидејќи противникот постигна три гола, на крајот барем успеавме да извлечеме реми. Знаеме дека утре со сите сили мораме да одиме на победа. Се надевам дека и навивачите од Ерменија кои дојдоа во Скопје ќе ни ја дадат потребната поддршка и ќе ни помогнат да дојдеме до триумфот – вели Станков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот