Станкоски: Прилепскиот комбинат е подготвен за откуп, сѐ зависи од потпишувањето на договорите со кооперантите на „Далија табак”

Акција за заплена на режан тутун по пазарите/ Фото: Архива на Слободен печат

Прилепскиот тутунски комбинат упатува отворен повик до кооперантите на компанијата „Далија табак” што побрзо да ги потпишат договорите за преземање на тутунот преку Комбинатот.

Според Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат, колку побрзо кооперантите се пријават да го потпишат договорот со Комбинатот, толку побрзо ќе им се преземе родот.

– Упатувам апел кооперантите на „Далија табак” што побрзо да го потпишат договорот со Прилепскиот тутунски комбинат за да може да почне преземањето на тутунот, изјави Станкоски.

Комбинатот по регулирањето на документацијата веднаш е подготвен да откупи околу 440 тони тутун од кооперантите на „Далија табак”, фирма која не обезбеди банкарска гаранција дека ќе ги плати количествата тутун од кооперантите.  Колку побрзо тутунарите ги потпишат договорите, толку побрзо ќе се откупат количествата тутун.

– Ние сме отворени од утре, сабота, а ако не се потпишат договорите, и од понеделник, да ги преземеме количествата тутун. Тоа е договорено преку Министерството за земјоделство, значи се зависи од повторното потпишување на договорите со кооперантите, за да може да ги остварат правата на субвенции, објасни Станкоски.

Прилепскиот комбинат има пет пунктови во Радовишко и Источниот регион и е подготвен покрај договорните, да ги преземе количествата тутун од кооперантите од „Далија табак”, но се зависи од потпишувањето на кооперантите со Комбинатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот