Станете воен пилот: Објавен конкурс за обука

Фото: МИА

Денеска од страна на воената академија „Генерал Михаило Апостолски” е објавен конкурсот за обука на воени пилоти.

„Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев” – Скопје“, стои во објавениот конкурс.

Потенцијалните кандидати, се прецизира, во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот