Стандарди за квалитет: Екстра девственото маслиново масло е најздраво

маслиново масло
Фото: Unsplash

Екстра девственото маслиново масло при купување има посебна ознака на етикетата, што е гаранција за висококвалитетно маслиново масло.

Екстра девственото маслиново масло се подготвува со механичко ладно пресување на маслинките при температура која не е повисока од 27 целзиусови степени. Најдоброто вакво масло можете да го препознаете со дополнително маркирање на етикетата со D.O.P – Denominacion de Origen Protegida (во слободен превод заштитено потекло). Тоа е исклучителен вид маслиново масло произведено од маслинки одгледани во одреден географски регион и таму пакувано.

Маслиновите дрвја се одгледуваат по највисоки стандарди и постојано се врши контрола на квалитетот. Маслинови масла со ваков квалитет се оние од регионите Баена, Бајо Арагон, Гата-Хурдес, Ле Гаригес, Монтес де Толедо, Приеџо де Кордоба, Сиера де Казорла, Сиера де Сегура, Сиурана, Авитес де Монтерубио.

pexels

Благотворно дејство

Користењето на маслиново масло е благотворно и дејствува благопријатно за срцето поради содржината на мононезаситени масти. Според стручните лица, секојдневната употреба на ова масло помага во намалување на крвниот притисок. Високото ниво на олеинска киселина во маслото се апсорбира во телото и потоа таа влијае врз намалување на крвниот притисок. Содржината на мононезаситени масти во маслиновото масло придонесува за намалување на холестеролот, но и за намалување на крвниот притисок. Колку е поквалитетно екстра девственото маслиново масло толку е подобро.

Другите масла кај кои го нема зборчето „екстра“ се обични маслинови масла, но исто така се квалитетни. Тие се природни масла, произведени со ладно цедење на маслинките, но се изработуваат од маслинки со понизок квалитет. Ова масло има понежен вкус, помалку е заситено и се произведува по не толку многу строги правила за квалитет. Добро е за користење и што е најважно, поевтино е.

unsplash

Како да го препознаете

За жал, на пазарот има трговски марки што шпекулираат со етикетата од екстра девствено масло, со оглед дека содржината внатре во шишињата е далеку од добро и квалитетно маслиново масло. Поради тоа е добро да научите како да го препознаете.

Прво, екстра девственото маслиново масло се препознава по неговата конзистенција. Ако го ставите во фрижидер, тоа ќе се згусне, додека на собна температура станува потечно. Ако маслото не е екстра девствено, тоа нема да се смени, што значи дека во себе има многу примеси.

Вкусот на екстра девственото масло е лесно горчлив, заситен дури и налутнува, а аромата на маслинки е изразена и се чувствува. Ова масло не треба да се користи при термичка обработка, затоа што ги губи квалитетните својства. Најдобро е за зачинување салати, сосови и сл.

Profimedia
Profimedia

Го подмладува организмот

Благодарение на ладното пресување на маслинките се зачувуваат сите состојки, поради што екстра девственото масло е едно од најздравите масла во светот. Тоа содржи огромни количества антиоксиданти, а со редовна консумација го штити телото од слободните радикали, кои се причинители на многу здравствени проблеми, дури и некои видови рак.

Има и одлични противвоспалителни својства, тоа е вистински еликсир на здравјето за срцевиот мускул. Го намалува нивото на холестерол, високиот притисок и ги чува здрави крвните садови.

Помага при намалување на болките во зглобовите, особено при ревматоиден артритис и при отоци. При средоземноморска диета ако се користи ова масло, го намалува ризикот од мозочен удар и помага при продолжување на животот.

Редовната консумација на квалитетно екстра девствено маслиново масло ги подмладува клетките и го спречува предвременото стареење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот