„Стандард и Пурс” го надгради кредитниот рејтинг на Грција

Фото Архива на СП

Агенцијата „Стандард и Пурс” (Standard & Poor’s) го надгради кредитниот рејтинг на Грција од Б+ на ББ-, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментира дека ова покажува дека грчката економија сè посилно расте, jави дописничката на МИА од Атина.

Од Стандард и Пурс велат дека ако владата продолжи со имплементација на структурните реформи кои го зајакнуваат потенцијалот за економски развој на земјата и одржливоста на јавните финансии, тогаш во следните 12 месеци би можеле одново да го подигнат рејтингот на Грција

-Со надградбата на рејтингот на државниот долг на Грција „Стандард и Пурс” докажува дека нашата економија расте сè посилно. Нашата агенда со реформи има за цел да привлече инвестиции, да создаде работни места, да го забрза растот и дополнително да ја врати довербата во нашата економија. И ние сме целосно посветени на тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на „Твитер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот