„Стандард и Пурс”: Албанската економија под закана од недостиг на инвестиции

Фото: Wikipedia/Commons

Минатата година, вкупните инвестиции во албанската економија од страна на приватниот сектор и државниот буџет изнесувале 23,4 проценти од бруто националниот производ.

Агенцијата „Стандард и Пурс” ја предупреди албанската Влада дека треба под итно да ја подобри деловната клима во земјата,  бидејќи економијата е под закана од пад на инвестициите.

Во својот последен извештај за проценка, агенцијата наведува дека малиот број инвестициски проекти што се на видик создале ризици за албанската економија и оти ќе го забават економскиот раст во земјата.

– За периодот 2020-2023 година предвидуваме дека албанската економија ќе расте просечно за 3,5 проценти на годишно ниво. Но, оваа прогноза е загрозена од падот на инвестициите и забавувањето на економскиот раст во земјите партнери, како Грција и Италија, се наведува во извештајот, пренесува Топ чанел.

Минатата година, вкупните инвестиции во албанската економија од страна на приватниот сектор и државниот буџет изнесувале 23,4 проценти од бруто националниот производ.

Но, според предвидувањата на „Стандард и Пурс”, инвестициите во следните четири години ќе бидат во постојано опаѓање, па во 2023 година ќе изнесуваат 19,9 проценти. Овој пад во најголем дел се должи на завршувањето на две големи инвестиции, гасоводот „ТАП” и каскадата на реката Девол, а во меѓувреме нема друг проект за нивна замена.

Експертите на „Стандард и Пурс” посочуваат дека единствениот начин албанската економија да излезе од оваа стапица е подобрување на деловната клима за привлекување повеќе странски инвестиции.

Ова, предупредува агенцијата, ќе биде клучно за економската перспектива на Албанија и зголемувањето на приходите за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот