Стана мајка на 45 години и целосно се посвети на семејството и здравиот начин на живот: Ева Лонгорија ја одржува витката линија дури и во карантин! (ФОТО)

Инстаграм

После раѓањето на синот Сантиаго кој го доби на 45-годишна возраст, Ева Лонгорија се посвети на мајчинството, но и своето тело. Напорните тренинзи, посебната исхрана и честите активности со малиот и темпераментен Сантиаго, беа одлични за актерката.

Инстаграм

Познатата холивудска актерка на друштвените мрежи постојано споделува слики од нејзината одлична фигура и како го поминува времето во карантин.

инстаграм

Топлите сончеви денови во Лос Анџелес актерката ги поминува во својата вила покрај базенот и ужива во летните активности со својот наследник. Последната фотографија што Ева ја сподели во едноделен костим за капење, доби многубројни комплименти.

инстаграм

Таа ги покажа своите витки нозе без целулит и затегната линија. Изгледа дека оваа мајка одлично го поминува своето време во карантин, посветувајќи се на малиот Сантиаго и напорните тренинзи.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот