Стан на саудиска принцеза во Париз мета на арамии: Украдени чанти, накит и крзно вредни 600.000 евра

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Саудиска принцеза, која била отсутна од својот стан во Париз од август, открила дека е ограбена при што останала без нејзините скапоцени чанти, накит и крзно во вредност од 600 000 евра. Таа веднаш била хоспитализирана поради вознемиреност од настанот.

Како што објавија француските медиуми, саудиската принцеза не била во нејзиниот стан во Париз од средината на август. По враќањето во четвртокот, таа го пронашла станот испразнет, без нејзините торби, накит и крзна. Вкупниот износ на пленот, според првичните проценки, изнесува најмалку 600.000 евра, наведува извор близок до истрагата.

– Сторителот влегол во станот на авенијата Жорж- , лоциран во близина на Елисејските полиња, без употреба на сила, изјави истиот извор со што ја потврди информацијата објавена од весникот „Паризиен“.

Одземени се 30-тина торби „Хермес“, проценети меѓу 10.000 и 30.000 евра по парче, часовник „Картие“, накит и крзно.

– Вкупната штета сè уште се проценува, наведува изворот.

Жртвата е 47-годишна жена, чиј идентитет не се октирва, а заради шокот таа била хоспитализирана и истражителите сè уште не можеле да ја сослушаат. Јавното обвинителство во Париз отвори истрага за случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот