Стајкурас: Моменталната слика е дека рецесијата во Грција ќе биде поблага од другите европски земји

Фото: МИА

Министерот за финансии на Грција објаснува дека сепак „секоја сериозна влада, мора да биде спремна и за екстремни сценарија”, односно кризата да трае многу подолго или пак да се повтори во текот на годината.

Моменталната слика е дека рецесијата во Грција, поради коронависрусот ќе биде поблага од другите европски земји и ќе се движи меѓу еден и три отсто, вели Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас во интервјуто за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина

-Секоја седмица на состаноците на Јурогруп, процените постојано се менуваат, се ажурираат и стануваат полоши. Врз основа на завчерашната слика на Европската централна банка, во Европа, ги имам податоците пред мене, ако продолжат затворањата и строгите забрани во земјите, рецесијата може да стигне до пет отсто и во едно екстремно сценарио, и до девет проценти. Ова се однесува на Европа. Сликата за Грција е со поблаги стапки на рецесија. Во овој момент, процените се од еден до два-три отсто, вели Стајкурас.

Министерот за финансии на Грција објаснува дека сепак „секоја сериозна влада, мора да биде спремна и за екстремни сценарија”, односно кризата да трае многу подолго или пак да се повтори во текот на годината.

Во однос на закрепнувањето на грчката економија од актуелната криза, вели дека можно е да биде нагло во форма на буквата В на англиски (V), но многу тешко дека тоа би се случило во текот на оваа година.

-Се чини дека закрепнувањето, малку доцни, не е лесно да се отслика во 2020, но во 2021 ќе биде многу подобро и повисоко, објаснува Стајкурас за „Скај”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот