Стајковци доби детска градинка

Фото: Општина Карпош

Нова детска градинка со капацитет за сместување на 136 деца денеска беше отворена во Стајковци. Новиот објект „Пеперутка“ е во состав на градинката „25 мај“.

Името на градинката како што рече премиерот Зоран Заев, сами го избрале родителите на дечињата.

-Дечињата тука ќе го поминуваат своето предучилишно образование во еден модерен и според сите стандарди, современ објект, рече Заев.

Градинката ќе ги згрижува децата од 2 до 6 годишна воздраст во шест воспитни групи, а оформени ќе бидат и две јаслени групи.

– Во Министерството за труд и социјална политика приоритет е секое дете што живее во државата. Затоа и отвораме градинки и во најоддалечените и рурални места, рече министерката Јагода Шахпаска.

Градинката е во целост изградена од страна на опшштина Гази Баба, а за нејзината иградба беа наменети 30 милиони денари, додека опремувањето на градинката е со поддршка на Владата и МТСП, рече градоначалникот Борис Георгиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот