Стадионите на Партизан и Црвена звезда под полициска опсада,, се апсат навивачи
Силни полициски сили од вчера вечер се наоѓаат околу стадионите на двата најголеми клубови во Србија, Црвена звезда и Партизан, а стадионот на „црно-белите“ е под целосна блокада бидејќи полицијата врши апсење.
Полицијата во Белград под полна опрема се наоѓа на стадионот на Партизан и сите приоди кон него се блокирани. Идентична ситуација е околу стадионот на Црвена звезда поради што двата тима денеска ги откажаа тренинзите на сите катеогрии вклкучувајќи ги и тие на првите екипи.
Според српските новинари, полицијата ги претресувала канцелариите на навивачката група „Гробари“ и притоа било извршено апсење на засега непознати лица.
Полицијата во Белград во средата ги упаси лидерите на „Гробарите“, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и уште 14 лица и притоа утринава врши претреси на 30 локации низ градот вклучувајќи ги стадионите на Партизан и Црвена звезда.
Според заменик началникот на белградската полиција, Нинослав Цмолиќ, утринската акција на полицијата е поради апсење на организирана криминална група која се криела зад навивачките групи на Партизан.
– Криминалната група која утринава е разбиена е одговорна за најмонструозни злосторства кои се направени во последните десетина години. Оваа група постојано се криела зад навивачката група на Партизан, но тоа не се навивачи туку обични криминалци и тоа нема да го толерираме – порача Цмолиќ.