Стадиони кои се ноќна мора за гостинските екипи

twitter/bocajuniors

Домашниот терен, публиката која ја сочинуваат неверојатни навивачи се вистински кошмар за противничките екипи. Но стадионите некогаш се попознати и од клубовите на кои играат на нив. Како што екипите се препознатливи по резулатите и по трофеите, така и кај стадионите постои одредена хиерархија, кои се вистинска ноќна мора за противничките екипи.

Ла Бомбоњера (капацитет 57.395)


Доколку постои стадион кој е вистинска ноќна мора тогаш тоа е „Ла Бомбоњера“. Стадионот е сместен во предградието Ла Бока, со години ја градеше легендата. Вистинското име на стадионот е „Алберто Армадо’, но сите го знаат како „Ла Бомбоњера“. Една целосно вертикална трибина и другите три кои се на три нивоа и под агол од речиси 90 степени му даваат на стадионот неверојатна акустика. Овој податок надополнет и со неверојатните навивачи им влева страв во коски на гостинските екипи.

Турк Телеком Арена – Али Сами Јен (52.223)


Новиот стадион на турскиот гигант, Галатасарај е ноќна мора за противничките екипи и вистински наследник на легендарниот „Али Сами Јен“ стадион. Токму и кога беше изграден новиот стадион прво се викаше „Али Сами Јен“. Почетоците на натпреварите во турскиот шампионат или во европските натпревари започнуваа со френетично навивање од сите 52.000 фанови и со пораката „Добредојдовте во пеколот“. Илјадници навивачи во текот на сите 90 минути скокаат и навиваат и тоа им влева страв во коските на противниците.

Сентенарио (65.000)


Култниот уругвајски стадион е дом на двата најголеми ривали, Пењарол и Национал. стадионот има светла традиција, изграден е во чест на 100-годишнината од уругвајската независност, а воедно и на овој стадион се играше финалето на првото Светско првенство во 1930 година. „Сентенарио“ е вистинска тврдина кога игра Уругвај посебно против Бразил или Аргенитна. „Дербито на Монтевидео“ помеѓу Национал и Пењарол е едно од најстраствените дерби дуели на светот.

Де Кујп (51.137)


Вистинското име на овој стадион е „Феенорд стадион“, но е далеку попознат како „Де Кујп“. Ротердам е град на работничката класа и поради тоа навивачите го обожуваат Де Кујп на кој се чувствува духот од 1960-тите години. Популарните „Легии“, навивачите на Феенорд очекуваат од нивните миленици на секој натпревар да даваат 110 проценти, како што тоа го прават навивачите со неверојатната атмосфера која им влева страв на противниците.

Сан Паоло (78.2000)

Третиот по големина стадион во Италија ја има најдобрата атмосфера. „Наполитанците“ се неверојатно темпераментни и тоа го искажуват со нивната љубов кој клубот. Во времето на Диего Марадона, „Сан Паоло“ стана вистинска тврдина со „ѕидови“ од буката на навивачите и сините знамиња.

Јоргос Караискакис (33.296)


Иако најголемите ривали, Панатинаикос и АЕК играат на поголеми стадиони, Олимпијакос ја има најдобрата атмосфера на своите натпревари. На малиот „Јоргос Караискакис“ стадион, чадните бомби, пиротехнички шоуа па дури и молотовите коктели се секојдневие, Токму поради френетичните навивачи, УЕФА во неколку наврати го има казнувано Олимпијакос, а во 1981 година на овој стадион загинаа 21 навивач на Олимпијакос за време на славењето на поебдата над АЕК.

Сигнал Идуна Парк (80.552)

Популарниот „жолт ѕид“ е едно од најпрепознатливите места во фудбалскиот свет. Јужната трибина или „die Sudtribine“ е најголема на светот чиј капацитет изнесува 25.000. Токму јужната трибина ја генерира комплетната атмосфера на поранешниот „Вестфален“, кој сега е познат како „Сигнал Идуна Парк“ кој на секој натпревар по исполнет до последно место.

Жефри Жијар (36.500)


Кога станува збор за францускиот фудбал, првата помисла е за ПСЖ и неговите пребогати катарски сопственици, а не на навивачите. Токму затоа „Жефри Жијар“ стадионот на Сент Етјен е исклучок. Најтрофејниот француски клуб ги има најдобрите навивачи каде пиротехничките шоуа и кореографиите се секојдневие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот