Стабилноста во Медитеранот фокус на средбата на Дендиас и Лаја

Стабилноста во Медитеранот, активностите на Турција, потребата за дијалог и деескалација на тензиите, беа во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на Грција и Шпанија, Никос Дендиас и Аранча Гонзалес Лаја, на нината денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Лаја порача дека стабилнста на Медитеранот е стабилноста за која што се залага Шпанија и изрази целосна поддршка за Грција, додавајќи дека во овој момент амбициите се да постои обид за деескалација на тензиите.

Со оглед на тоа дека шефицата на шпанската дипломатија, во Атина дојде од Анкара, рече дека она што го сфатила по средбите во Турција е „желбата за дијалог од турската страна”.

Прочитајте и...  Д-р Беќаровски: КОЛКУ СМЕ ЗАГЛАВЕНИ И ЗАРАЗЕНИ ???

-Секако ова треба да се покаже во пракса, не е доволно само да кажеш дека сакаш да разговараш.Треба да седнеш и да разговараш, рече министерката за надворешни работи на Шпанија.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на портпаролот на турскиот претседател за замразнување на истражувањата, шефот на грчката дипломатија рече дека тоа е позитивна разврска, но за Грција, неопходен услов за дијалог е деескалација на тензиите од страна на Турција.

-Не можеме да разговараме кога едната страна презема активности што се спротивни на меѓународното право и морското право, рече Дендиас.

Во однос на турската одлука за Света Софија, Лаја истакна дека позицијата на шпанската Влада е дека „Света Софија е споменик на светското културно наследство” и „му припаѓа на светот”, додека пак Дендиас рече дека „Турција прекршува модерен симбол на интеркултурен дијаог”, давајќи „впечаток дека се враќа во 15 или 16 век”.

Прочитајте и...  Бројот на невработени е зголемен за 43.627 лица од почетокот на ковид-кризата

Министерката за надворешни работи на Шпанија, утрово се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а акцентот на разговорите бил ставен на ситуацијата во источниот Медитеран.

Попладнево, Аранча Гонзалес Лаја беше примена од претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

Поврзани вести

Милошоски обвинува: СДСМ лаже за Законот за заштита од заразни болести

Слободен печат

Не е сјајно: Болниците ни се кнап, а повеќето внатре се на кислородна маска

Рим воведува полициски час поради пандемијата

Илинка Иљоска

АФЕРА го тресе Косово: Од Државната каса исчезнаа 2, 7 милиони додека траеше пауза за ручек

Илинка Иљоска

Чешка со нов црн рекорд: Речиси 15.000 новозаразени, од денеска нови мерки стапуваат на сила

Слободен печат

Вечерњи лист го анализира спорот со Бугарија: „Македонците не постојат, тие се производ на инженерингот на Тито“

Слободен печат

Остави Коментар