Стабилен раст на цената на нафтата на светските берзи

По големиот пад во март и април, цената на барелот на американската берза во мај скокна за 88 проценти, што е рекорден месечен скок, додека цената на барел на лоноднската берза се зголеми за 40 проценти, најмногу од март 1999 година.

Растечкиот тренд на цената на „црното злато“ во светски рамки продолжува, а за тоа придонесува расположението и очекувањето на инвеститорите кои очекуваат намалување на производството на овој енергенс но и зголемување на побарувачката како резултат на постепеното опуштање на рестриктивните мерки во земјите во светот воведени за спречување на ширењето на новиот корона вирус.

На лондонската берза цената на барел за испорака во август минатата недела се зголеми за 7,7 проценти на 37,84 долари, додека на американскиот пазар барелот се зголеми за 6,7 проценти на 35,49 долари.

Во последните пет недели, цените на нафтата значително се зголемија бидејќи многу земји ги олеснија воведените рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, така што економската активност се зголемува и побарувачката за нафта се зголемува.

По големиот пад во март и април поради парализа на економската активност поради кризата со корона, цената на барелот на американската берза во мај скокна за 88 проценти, што е рекорден месечен скок, додека цената на барел на лоноднската берза се зголеми за 40 проценти, најмногу од март 1999 година. .

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот