ССНМ: Заев да се извини и да внимава што зборува за новинарите - Слободен печат

ССНМ: Заев да се извини и да внимава што зборува за новинарите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ја осудува изјавата на премиерот Зоран Заев во која тој покажа голема доза на нетрпеливост кон неименуван новинар нарекувајќи го „суетен“.

ССНМ смета дека кога вакви, како што вели, во најмала рака непримерни изјави насочени кон новинарите и медиумските работници, доаѓаат од највисоките државни функционери, може да се толкуваат, перцепираат и прифатат од дел од јавноста како отворање фронт кон новинарите, загрозување на нивната безбедност и ограничување на слободата на печатот и затоа бара од премиерот Заев да се извини.

„Нагласуваме дека на почетокот на мандатот владата на Заев ветуваше борба против нападите врз новинарите и се залагаше за слобода на изразувањето, но вчерашната изјава на премиерот Заев е во целосна спротивност на тие заложби.

Иако премиерот Заев не прецизираше за кој ‘суетен новинар’ се работи, јавноста препозна дека изјавата е насочена кон уредникот Бранко Героски, кој и самиот соопшти дека по изјавата бил цел на зголемен број напади и дискредитации на социјалните мрежи. Тоа докажува дека политичарите, а особено оние на највисоки функции мораат да бидат внимателни при своите изјави бидејќи една несоодветна изјава може да предизвика штети од несогледливи размери како кон поединци, така и врз слободата на изразување“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Прочитај повеќе

Киднапирано девојче преку Снепчет се спаси од силувачи

Слободен печат

Макрон евакуиран, демонстранти се обиделе да влезат во театар кадешто гледал претстава

Слободен печат

Харадинај го одликуваше Вилијам Вокер

Слободен печат

Кина: Уште четири лица инфицирани од корона-вирусот

Слободен печат

Оружен напад напад во САД: Полицијата уапси напаѓач кој усмрти едно и рани четири лица

Слободен печат

Русија сега располага со девизни резерви и злато во вредност од 557,5 милијарди долари

Слободен печат

1 comment

m-r.Slobodan Dimitrovski 14/08/2019 - 11:42 at 11:42

SE SLOZUVAM DEKA E COVECKI I KULTURNO DA SE IZVINI NA NOVINARITE A DALI IMA BAREM EDEN PRIMER NA NOVINAR DA SE IZVINI NA PREMIER,PREDSEDATEL ILI DRUGA KUL LICNOST? NAPISETE GO ODGOVOROT KE VI BIDAM BLAGODAREN.SO POCIT!

Reply

Остави Коментар

two × three =

Прочитај повеќе

Дождот е добредојден, но претставува нова закана за исцрпената Австралија (ВИДЕО)

Слободен печат

Раст на МБИ-10 индексот на Македонската берза

Слободен печат

Конгресот побара од Помпео да сведочи за убиството на Сулејмани

Слободен печат

Протести во Багдад: Еден загинат, 25 повредени во судири на полицијата и демонстрантите

Слободен печат

Ни слика ни тон, ако не е по бонтон!

Мирослава Бурнс

Новата методологија на ЕУ звучи охрабрувачки за Османи

Слободен печат