ССНМ со остра осуда за одлуката на Уставниот суд да не им дозволи пристап на медиумските работници

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) преку соопштение најостро ја осудуви одлуката на Уставниот суд да не им дозволи на новинарите и на снимателите да ја проследат средбата меѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Овој преседан е жесток удар врз правото на граѓаните преку медиумите да се информираат за најактуелните проблеми што директно ги засегаат. Дополнително, институцијата што треба да биде меѓу најугледните во едно демократско општество со овој потег создава лоша пракса на нетранспарентност којашто може да ја следат и другите.

ССНМ се надева дека ова ќе остане изолиран инцидент и апелира до Уставниот суд во иднина да не дозволи да се случи ваков или сличен преседан.

Претходно и Здружението на новинари на Македонија го осуди однесувањето на вработените во Уставниот суд, кои според нив на „недозволив и неевропски начин“ ги третирале новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот