ССНМ најостро ги осудува навредите и клеветите кон колешката Мирослава Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк” кон нашата колешка Мирослава Бурнс. Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и клевети, дури и навреди што задираат во приватниот живот на „метата” на нападот.

Било какви клевети и навреди од овој тип се неприфатливи, а особено се неприфатливи во јавната дебата, односно кога се појавуваат како реакција на еден професионално изработен и реализиран текст на нашата колешка. Сметаме дека треба да се стави крај на времето кога на факти и аргументи се одговора со лични дисквалификации, а во случајов тоа е кренато на ниво, не на „уличарски” јазик, туку на монструозни конструкции кои ни оддалеку не се во допир со текстот на кој се реагира.

Сметаме дека е време и дека е важно да се солидаризираме во една општа и општествена осуда на овој начин на „полемизирање” без аргументи, а исклучиво со монструозни навреди и клевети. Ова го потенцираме и од аспект дека порталот „ДоказМ”, како што може да се види на неговиот сајт, е поддржан со рекламни и пропагандни објави на наши реномирани компании. На овој начин излегува и дека еден дел од важните македонски стопански субјекти поддржува ваков дискурс на јавна расправа.

Ја поддржуваме колешката Мирослава Бурнс и ја охрабруваме да ја побара својата сатисфакција по судски пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот