ССНМ и ЗНМ: Отпуштање новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Фото: МИА

ССНМ и ЗНМ апелираат работодавецот да ја преиспита оваа одлука која на прв поглед е избрзана, бидејќи според мерките на владата најмалку што може да понуди е минималната загарантирана плата.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуваат одлуката на работодавецот Нет медиа Груп Доел кој што ги поседува интернет порталите „Локално” и „Стандард” да отпушти најмалку петмина новинари, дел вработени на определено, а на дел да им ги прекине хонорарните договори.

Иако овој чекор се образложува со кризата предизвикина од корона вирусот отпуштањето на новинари треба да стаса последно, со оглед на значајната улога на медиумите во услови на вонредна состојба.

Ваквата постапка особено зачудува поради фактот што Владата најавија сет на мерки за медиумите кои меѓу другото се условени и со неотпуштање на новинари и медиумски работници додека траат вонредните мерки.

ССНМ и ЗНМ апелираат работодавецот да ја преиспита оваа одлука која на прв поглед е избрзана, бидејќи според мерките на владата најмалку што може да понуди е минималната загарантирана плата. Истовремено, сметаме дека праксата сопствениците да бараат од новинарите и медиумските работници кои имаат важечки договор да потпишуваат спогодбено раскинување на работниот однос e недозволива и неприфатлива . Тоа им носи директна штета на работниците и им укажуваме дека таквите понуди веднаш треба да ги одбиваат.

Отказите доаѓаат без претходна најава или известување за финансиската ситуација во која се наоѓаат газдите, со што се остава впечаток дека сопственикот воопшто не очекува и ниту се надева на идни мерки од владата за ублажување на импактот на кризата во финансиското работење и планирање.

Овој пример лошо влијае врз генералната слика и укажува на тоа дека дека први на удар во однос на економската криза се медиумите и новинарите . ССНМ и ЗНМ стравуваат дека овој случај може да предизвика „домино ефект” и негативно да охрабри и други медиуми  да се одлучат на ваков чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот