ССМ: Жалбата на Митревски е одбиена, уписот на Димовски за претседател е легитимен

ССМ
ССМ / Фото: МИА

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека жалбата на поранешниот претседател, Живко Митревски за упис во Централниот регистар е одбиена како неоснована. Со тоа, според ССМ, е ставен крај на обидите за манипулација на јавноста и на работниците и неспорен е уписот на сегашниот претседател, Дарко Димовски.

Во соопштението, ССМ наведува дека приоритет за Синдикатот остануваат работничките права и во таа насока предлага четвртиот пакет мерки да биде насочен кон зачувување на работните места и ублажување на финансиските загуби на компаниите.

Од Владата се бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено над 30 проценти, но исплатата да оди директно на сметките на работниците, како и одложување на сите долгови во рок од шест месеци за оние семејства чии вкупни примања се помали од синдикалната потрошувачка кошничка.

На работниците кои досега користеа мерки како хронично болни, бремени жени, чување на дете до 10 години, да им биде исплатена цела плата, без намалување, а надоместокот на плата за отсуството од работа заради Ковид-19, да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон.

ССМ предлага и Ковид-19 да се внесе како професионална болест во Правилникот за листа на професионални болести. Едно од барањата на синдикатот е синдикалното организирање во компаниите да биде услов компаниите да добијат финансиска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот