ССМ: За седум дена истекува рокот за исплата на К-15

ССМ
ССМ / Фото: МИА

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

– Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор, се наведува во соопштението.

Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради Ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.

– Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот, нагласуваат од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот