ССМ утре ќе протестира пред Министерството за јавна администрација

Протестот на Сојузот на синдикати за линеарно усогласување на платите во јавниот сектор со по 2.806 денари, утре се сели пред Министерството за информатичко општество и јавна администрација. Синдикалците пред ова министерство ќе бидат од 10 до 12 часот.
ССМ претходните денови протестираше пред сите надлежни институции за платите во јавната администрација.

Денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска излезе пред Министерството каде што протестираа синдикалците, за да изрази подготвеност за средба.Таа порача дека социјалниот дијзлог не е прекинат и дека тие бараат трајно решение, преку законски измени, со кои ќе се гарантира усогласувањето и растот на платите во јавниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот