ССМ: Уставните судии да го потврдат рефератот и да ја одбијат инцијативата за укинување на недела неработен ден

Градежни работници згради градилиште / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во врска со денешната седница на Уставниот суд, Сојузот на синдикатите на Македонија апелира Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери – недела да биде неработен ден за најголем број на работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.

„Уставниот суд е должен да ја темели својата одлука на националните закони и меѓународните трудови стандарди кои се дел од националното законодавство, како и да води грижа за рамноправна положба на работниците и граѓаните во државата без дискриминација и со целосно  почитување на човековите права.

Потсетуваме дека и рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи Законот за измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кој се уреди правото недела да биде неработен ден да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден, а очекуваме ваквиот реферат, овој пат да биде поддржан едногласно од сите уставни судии имајќи во предвид дека претходниот пат одлуката не беше донесена поради потребниот кворум, но 4 уставни судии го поддржаа рефератот“, велат од ССМ.

Оттаму потсетуваат дека положбата на работниците се уредува по пат на социјален дијалог на сите чинители во општеството , со закони и колективни договори кои имаат за цел континуирано унапредување на работничките права. „Во никој случај правата од работен однос во демократските држави не смее и не може да се креираат само врз основа на вољата и барањата на оние работодавачи кои се мотивирани само од својата желба за поголем профит , без притоа да се води грижа за остварување на  работничките  и човековите  права“, соопштија од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот