ССМ: Пратеници и министерот Бектеши сакаат да ги уназадат работничките права, недела мора да остане неработен ден

Фото: МИА

„Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ, најавените предлог-закони, со самото тоа што веќе се доставени до Собранието, тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина, што е недозволиво.

„Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%. Сметаме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите“, велат од ССМ.

Оттаму предупредуваат дека „не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во државата, што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството“.

„Поради сето ова наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог-текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работнивците. Бараме итна средба на Економско-социјалниот совет, на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот