ССМ одлучува што понатаму: Од разни страни абер за поголеми плати, но битката е за сите

Според досегашните објави од страна на ССМ, договорени се поголеми плати во Град Скопје, Општина Тетово, Општина Битола, ЈП „Дрисла“, ЈП „Чистота и зеленило“, ЈП „Водовод и канализација“, а отпочнати се и преговори во ЈП „Паркови и зеленило“ кои треба да продолжат во понеделни

Од Сојузот на синдикати велат дека штрајкот дава резултати и дека во некои општини и јавни претпријатија, веќе се потпишуваат зголемувања на платите за 2.806 денари, но оттаму потенцираат дека нивната битка е за целиот јавен сектор и дека нема да отстапат од своето барање – сите да добијат усогласување со растот на минималната плата.

– Во тек е состанок на Претседателство на ССМ за да видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме од понеделник- кусо ни изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Според досегашните објави од страна на ССМ, договорени се поголеми плати во Град Скопје, Општина Тетово, Општина Битола, ЈП „Дрисла“, ЈП „Чистота и зеленило“, ЈП „Водовод и канализација“, а отпочнати се и преговори во ЈП „Паркови и зеленило“ кои треба да продолжат во понеделник.

Јавниот сектор штрајкува и денеска, освен 10 отсто од вработените со цел да не биде загрозено здравјето и безбедноста на граѓаните, како и да се извршуваат минимум неопходните административни работи.

ССМ пак, денеска протестираше пред Министерството за финасии, затоа што во надлежност на ова Министерство е ребалансот на буџетот во кој нема пари за усогласување на платите во јавниот сектор со растот на минималната плата од 15.194 денари на 18.000 денари.

Вчера, ССМ протестираше пред Владата со 21 празно столче, а завчера пред Собранието со 120 празни столчиња, со кои симболично ги потсетија претаставниците на власта и народните избраници дека „ако не ги застапуваат интересите на работниците ќе ги заменат удобните фотелји со тврдите столчиња“.

ССМ и денеска побара од народните пратеници да го изгласаат амандманот со кој во ребалансот на буџетот би имало по 2.806 денари за секој вработен во јавниот сектор, освен за оние кои веќе добија со раст на минималната плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот