ССМ: На жените им требаат работнички права

ССМ, текстилни работнички / Фото: Архива на „Слободен печат“

Изминатата година, поради пандемијата предизвикана од ковид-19, жените работнички биле изложени на работа во специфични услови, на незаконско намалување на платите, отпуштања и притисоци и вознемирување на работното место, информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму упатуваат апел до Владата да ја ратификува Конвенцијата C-190 на Меѓународната организација на трудот за спречување насилство и вознемирување во светот на работата која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.

– Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде, велат од ССМ.

Потсетуваат дека мал е и бројот на жени на раководни позиции, дека помалку се платени жените и оти јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени. Затоа, сметаат дека е потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот