-1 C
Скопје

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена за неработен ден.

Во реакцијата од ССМ се наведува дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика е во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да  работат во недела, а не да се утврди правото неделата да е неработен ден.

Сметаат дека евентуалните исклучоци од правото недела да биде неработен ден, треба да се уредат во Законот за работни односи како базичен закон, врз основа на анализа за тоа во кои дејности мора да има контиуниран процес на работа.

Прочитајте и...  Косово со седум починати, 296 нови случаи и 526 оздравени пациенти од ковид-19 во последните 24 часа

– Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да  имаат право на зголемување на основната плата по час најмалку за дополнителни 50 проценти за работа во недела,  како и право на слободен ден во текот на неделата, велат од ССМ.

Поврзани вести

За ЕУ нема алтернатива, членство во ЕЕЗ е само преодно решение

Слободен печат

Облачно со сончеви периоди и ветер, снег на југ

Слободен печат

Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Соња Кириџиевска

Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Соња Христовска Угриновска

На денешен ден – 16 јануари

Марина Дамческа

Остави Коментар