ССМ и денеска на протест пред Собранието

ссм протест
Протест на ССМ пред Министерство за труд и социјална политика / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.

Пред Собранието ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 13.30 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.

„Собранието и Владата најважно е да го решат проблемот на работниците и да немаат работници кои не можат да си дозволат да си купат леб и да си платат сметки за струја“, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека покачувањата на цените лесно ги прават од денеска за утре на штета на рабониците и граѓаните, а за покачување на платите им е потребно време и методологија повторно на штета на работниците и граѓаните.

„Жолтите картони денеска за пратениците кои еднаш гласаа против работниците, ќе станат црвен картон од работниците за пратениците кои се против нивните плати“, велат од ССМ.

Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.

Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот