ССМ: При крај сме со договорот за недела како неработен ден

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори/ Фото: mia.mk

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМинформира дека неговата повеќегодишна иницијатива за недела да биде неработен ден е 90 отсто прифатена од социјалните партнери

– За македонскиот работник тоа ќе значи дека недела ќе биде ден за одмор. Во мал број на дејности, работниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добијат зголемена дневница за најмалку 50 процентикако што е тоа утврдено во Закон или колективен договор, како и право на слободен друг ден во неделата. Останува само да се утврди дали тоа ќе биде денот пред или денот по недела, истакнуваат од ССМ.

Оттаму потенцираат дека на барање на ССМ се воведуваат и строги казни за оние работодавци кои ќе го прекршат законот, чии дејности не спаѓаат во исклучоци, со забрана за работа од 15 до 30 дена и висока парична казна.

Останува уште технички службите да го финализираат предлог текстот на Законот, а не истиот да се дополнува со желби на поединци на штета на работниците, најавуваат од ССМ.

Од ССМ потенцираат дека Законот за работни односи е lex generalis и важи за сите вработени и за сите правни субјекти и не може со други закони да се дерогираат правата на работниците кои се веќе стекнати со овој закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот