ССМ: Денеска 92 проценти од работниците требаше да одмараат, а оастанатите да добијат повисоки дневници

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска реагира на недонесувањето на законот со кој недела требаше да биде ден на неделен одмор и бара од пратениците одговори зошто не го направија тоа.
Денеска требаше да одмараат 92 проценти од вработените, а осум проценти од работниците кои заради спецификите на работните места требаше да работат ќе беа платени со најмалку 50 до 100 отсто додаток за работа во ден на неделен одмор, се вели во соопштението од ССМ.
Од синдикатот ги прашуваат пратениците зошто не нашле време и разбирање за работниците да го изгласаат законското решение со кое се прогласуваше недела за ден на неделен одмор.
Дали знаат дека работниците денеска работат и за тоа не се платени дополнителнo за најмалку плус од 50 до 100 отсто на нивната дневница? Ќе ги потсетуваме секоја недела, колкава штета му се прави на работникот поради политички игри и интриги, велат од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот