ССМ бара 38 часа да трае работната недела, а породилното 12 месеци

Сојузот на синдикатите на Македонија, денес организираше Конференција на тема „Нов Закон за работните односи, хармонизација на домашното со Европското трудово законодавство“.

-Република Северна Македонија е земја апликант за членство во Европската унија и покрај предизвиците присутни на тој пат во последниов период, за нас оваа опција, европска Македонија е единствено прифатлива и според нашата местоположба, но и според нашата потреба да ги прифатиме европските вредности за демократија и развој- рече Дарко Димовски.

Поради тоа сметаат дека новиот Закон за работните односи треба да ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи, рече Дарко Димовски, претседателот на ССМ.

Затоа, како што појасни Димовски, се залагаат за: договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година, 38 часовна работна недела, породилно отсуство во траење од 12 месеци, доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД, целосно остварување на правото на годишен одмор, почитување на конвенциите за слобода на синдикално организирање и функционирање, унапредување на колективното договарање и социјалниот дијалог на сите нивоа затоа што не може да се одлучува за нашите права без нас.

На Конференцијата активно учество имаа претседатели на гранските синдикати здружени во ССМ, претставници на социјалните партнери, високи претставници на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС) и на Светската конфедерација на синдикатите (МКС) и тоа: Генералниот секретар на ЕКС, г-дин Лука Висентини, Специјалниот советник на МКС, Јап Винен, Претседателот на Владата, Зоран Заев, Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, Емил Крстановски од МОТ, Претседателот на УНАСМ, Слободан Антовски, Претседателот на БКМ, Миле Бошков, професорите на Правен факултет, Тодор Каламатиев и Лазар Јовевски како и и други значајни чинители во општеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот