ССМ апелира да се реши статусот на околу 4700 наставници и стручни соработници

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира што поскоро да се реши статусот на околу 4700 наставници и стручни соработници во образованието односно нивниот работен статус да биде регулиран со договори за вработување на неопределено време.

– Поради тоа е и главното наше барање договорите за вработување на определено време да бидат најмногу до една година, уште повеќе поради случајот со околу 4700 наставници и стручни соработници во образованието кои зависат од одлуката на пратениците за решавање на нивниот егзистенцијален статус, за обезбедување сигурна и достоинствена работа и плата, соопшти ССМ.

Наведува дека како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и се бори за нив во сите сектори, а поради недоволна заштита на работниците во образованието, информира дека ќе ги организира просветните работници во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија во нов прогресивен синдикат за образование.

– Тој секогаш ќе стои во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права. Со постапките на сите чинители во општеството потребно е заднички да придонесеме, работниците од образованието да се чуствуваат достоинствено и да не се плашат за сигурноста на своите работни места, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот