ССМ алармира: Во недела работат коцкарници и дејности кои не смеат

Фото: Обложувалница/Архива

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) тврди дека во недела работат и дејности во кои не смее да се работи, односно не се во законски утврдените исклучоци за недела-неработен ден. Оттаму велат дека за ова ќе седнат да разговараат со Владата, а дека претставки испратиле до надлежните иснтитуции.

– Сојузот на синдикатите на Македонија и Владата, согласно претходно договореното и усогласениот термин, ќе одржат средба на 24 јануари. На средбата, ССМ ќе го постави прашањето до Владата како социјален партнер, а во врска со непримената во целост на законското решение недела, ден за неделен одмор од страна на одредени работодавачи, кои не со во дејности од исклучоците кои се предвидени да работат во недела, а кои работат. Пример за таква дејност што работи, а не смее, се обложувалници и коцкарници, но има и други примери, со што свесно го прекршуваат Законот, а за што ССМ има доставено преставки до трудовиот и пазарниот инспекторат како и до надлежните министерства –велат од ССМ.

ССМ дури се заканува со генерален штрајк ако не се почитуват законските права на работниците.

– ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк! –информира Синдикатот.

Оттаму велат и дека централното барање за кое ќе се разговара на 24 јануари е потребата од итно зголемување на минимална плата на 18.000 денари, како и скалесто зголемување на платите и  утврдување на правото на регрес за сите работници во јавниот сектор за кои ССМ укажува дека се нужна и неопходна потреба за опстанок и егзистенција на работниците во време ковид -19 пандемија, економска криза, енергетска и топлинска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот