ССК: Новиот Закон за електричен отпад ќе ги „прегори“ претпријатијата

електричен отпад
Неправилно одложен електричен отпад / Фото: А. Пауновска, „Слободен печат“

Спречувањето и намалување на негативните влијанија врз животната средина од постапувањето со електричниот и електронскиот отпад, од почетокот на годинава е регулирано со Законот за електричен отпад.

Сојузот на стопански комори реагира дека со постојното законско решение ова не е соодветно регулирано и сметаат дека негативно влијае на ликвидноста на деловните субјекти, па затоа бараат измена и дополнување на Законот, а дотогаш да се одложи примената на ова законско решение. Од Сојузот бараат и намалување на висината на надоместоците кои се предвидени со постојниот Закон.

-Овие надоместоци за управување со отпадна опрема кои ги плаќа производителот кој пушта на пазар или како краен корисник увезува во државата, досега се движеа од 50 до 120 денари за килограм отпад, додека со законските измени сега неколкукратно е зголемена цената и се движи од 100 до 350 денари за килограм отпад, велат од Сојузот на стопански комори.

Според нив, овие цени се многу високи и нереални и се повисоки и од цените во Хрватска која е членка на ЕУ. Од ССК велат дека сето ова како последица ќе има зголемување на цените на сите производи, па оттука трошокот ќе падне и на товар на крајниот потрошувач, а постои и опасност од создавање на диви депонии на електричен отпад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот