Шилегов: Со запленетите пари од ВМРО- ДПМНЕ, ќе ги отстраниме бродовите во Вардар

ВМРО- ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, со нивните пари, откако ќе им биде запленет имотот, ќе ги обештетиме сопствениците на галиите во Вардар,  а потоа ќе ги отстраниме од речното корито, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Оваа негова изјава е реакција на новинарско прашање, дали Градот добил дозвола за чистење на речното корито на Вардар кај хотел Русија, по што одговори дека тоа е редовна активност, и за тоа не треба дозвола.

-Требаше од Министерството за животна средина да спречат градење на галиите во Вардар, а не сега да се занимаваат со редовните активности на Градот, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот