Српското МНР: Нацрт-извештајот на Европскиот парламент на недопустлив начин ги повикува државите на ЕУ да го признаат Косово

 Нацрт-извештајот на Европскиот парламент (ЕП), усвоен пред неговиот Одбор за надворешна политика, на недопустлив и несоодветен начин ги повикува државите на ЕУ кои не ја признаа еднострано прогласената независност на нашата јужна провинција (Косово) да го сменат своето мислење, соопштија од српското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Белград.

– Европската унија, иако повеќето нејзини членки го признаваат самопрогласеното Косово, како политички субјект со години се обидува барем формално да ја одржи позицијата на статусна неутралност, а апелот на известувачот на ЕП Виола фон Крамон упатен до групата на пет земји да го признаат самопрогласеното „Косово” е флагрантно отстапување од досегашната политичка пракса на Брисел, изјави министерот Никола Селаковиќ, кој потсети дека дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, се одвива со почитување на принципот на статусна неутралност и дека тоа е предуслов за постигнување на какви било трајни и одржливи решенија.

-Мислам дека, благо речено, е недипломатско и бескорисно за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, Одборот за надворешна политика на ЕП да дозволи личната иницијатива за лобирање на г-ѓа Виола фон Крамон да се претвори во нешто што треба да биде официјален документ на институцијата ЕУ, кажа Селаковиќ.

Тој очекува дека институциите на ЕУ, со тоа што ќе останат на позиција на статусна неутралност, ќе му дадат шанса на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека нема да бидат дел од проблемот, туку дел од решението кога станува збор за стабилизирање на состојбата на Западен Балкан, се наведува во соопштението на српското МНР како реакција на извештајот на европратениците во делот за Косовското прашање. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот