Српските таблоиди рекордери во лажни вести – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Српските таблоиди рекордери во лажни вести

Над 400 лажни вести во четирите најтиражни весници во Србија за половина година.

Водечките дневни весници и портали во Србија, Курир, Информер, Ало и Телеграф во изминатава половина година , објавувајќи над 400 лажни вести ја ставиле во заблуда публиката, ја лажеле јавноста или во најмала рака ја дезинформирале.

Проектот „Раскринкување“ анализирајќи ги написите на овие медиуми или таблоиди утврдил дека главно најпозитивно информираат за активноститее на српскиот Претседател и ниту една критичка вест за него. Во исклучително позитивно светло е прикажан и рускиот претседател Путин и тоа како спасител на Србија. Речиси сите негови изјави се пренесени неточно или се потполно измислени.

Меѓу написите доминираат теми за опозиционерот Ѓилас и неговите приврзаници во негативна конотација, како на пример дека тој работи за Шиптарите, дека сака да ги тепа студентите, дека во Брисел ги плука Србите и Србија, дека со шиптарскиот платеник Заев сака да го урне Вучиќ од власт.

Не би зачудило ако во анализите за втората половина од годината се најдат и написите за македонскиот Премиер и неговиот советник Башановиќ и наводната нивна вмешаност во аферата „Рекет“ , за што обилно пишуваа без основа.

Се сеќавате на насловите од типот „Државниот врв на чело со премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ вплеткани во мафијашко-рекетарската афера на Боки 13! “ или „Скандал каков Македонците не паметат“, „Паѓа Заев поради корупција“ и т.н.

Бранејќи ја Србија и српството овие таблоиди одат во крајност со измислени вести и без докази тврдат дека „Шиптарите им ги вадат органите на Србите сред Приштина“. Слични се написите од типот „Војската на Косово се спрема за напад врз Србите“, „Србите во Хрвтаска ги ловат како ѕверови“, „Американците сакале да го убијат Вучиќ“, Пекол за Вучиќ во Тирана“ и т.н.

Во набљудуваниот период Информер е рекордерот во објавување лажни или невтемелени вести. Дури 150.

Втор на листата е Ало со 115 лажни или непотврдени вети.

Следи Телеграф со 94 лажњаци и на крај е Курир со 60 лажни вести.

Овие таблоиди иако објавуваат лажни вести и го кршат кодексот на новинарите се редовни приматели на парични средства од страна на локалните самоуправи како и по пат на јавни набавки.

Инаку „Раскринкување“ е проект на српскиот портал Крик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close