Српските синдикалци бараат повлекување на предлог-законот за вработување странци

Сојузот на независни синдикати на Србија и Обединетите гранкови синдикати „Независност“ ја предупредуваат државата дека, како што посочуваат, во земјава се почесто се внесуваат странски работници поради нивната алчност за профит. Со ова, додаваат, продолжува политиката на ниски плати, што пак доведува до натамошно уривање на правата на домашните работници и продолжување на иселувањето на младите од државата.

-Со оглед на тоа што не беа прифатени нашите измени на Предлог-законот за вработување странци, бараме тој предлог да се повлече од собраниска процедура. На овој начин ќе се заштитат правата на домашната работна сила – се наведува во заедничкото соопштение на репрезентативните синдикати. Владата на Србија неодамна му предложи на Собранието на Србија да се усвојат измени на Законот за вработување странци. Синдикалците посочуваат дека во овој случај не е соодветно следена законската процедура, бидејќи немало јавна расправа, а социјалните партнери не учествувале во изработката на законот. Синдилалците велат дека поради новите законски решенија кои се нудат во законот за вработување странци во Србија, може да се загрози домашната работна сила доколку не се следат соодветно процесите. -Потребно е Владата да има јасна стратегија, надлежните служби да си ја вршат работата, за да немаме замена на домашните работници со странски и да нема намалување на просечните плати во одредени дејности, пренесува Политика. рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот