Српските репрезентативци под водство на Пикси ќе заборават на љубовниците и белградските сплавови

Фудбалската репрезентација на Србија минатата недела конечно доби нов селектор, тоа е легендарниот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси од кого се очекува да воведе ред и дисциплина во националниот тим и да обезбеди пласман на големите натпреварувања.

Официјалната промоција на Стојковиќ како селектор се очекува да се одржи неделава, а поранешниот фудбалер на Црвена звезда и репрезентативец на Југославија, а сега актуелен претседател на фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, смета дека Пикси е идеалното решение за селекторската функција.

Доколку некој може да ги „смири“ играчите, тогаш тоа е Пикси. Тој е вистинскиот човек кој кај репрезентативците може да го разбуди патриотизмот кој сега недостасува. Бидејќи да го имаше и со фудбалерите кои ги има на располгање, Србија сигурно ќе играше на ЕП. Но, Белград има многу сплавови и можеби тие се главен проблем на репрезентацијата. Сметам дека играчите на собирите на репрезентацијата гледаат како на релаксација. Доаѓаат да се одморат, да го посетат семејството, љубовниците...Доколку Пикси не може да се наметне со својот авторитет и да воведе дисциплина на сите нивоа, тогаш не знам кој би можел. Исто така Пикси не дозволува мешање во неговата работа. Кај него не поминуваат финтите од типот „овој мора да игра поради менаџерот“ – вели Савичевиќ за „Информер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот