Српските мелничари бараат зголемување на цените на брашното

Деловното здружение „Житонија“ – побара Владата на Србија да ја укине Регулативата за ограничени цени на брашното. Или, алтернативно, да се дозволи цената на овој производ да се зголеми во согласност со растот на цените на пченицата. Тоа здружение испратило барање до Владата на Србија и до министерствата за внатрешна и надворешна трговија, за финансии и за земјоделство веднаш да ја укинат оваа регулатива со која се пропишуваат максимални цени на производителите и на мало. И тоа за пакувања брашно со тежина од еден килограм (Т-400 и Т-500) или да не се продолжи таа регулатива по 28 февруари годинава.

Доколку тоа не се случи, „Житонија“, како што се наведува во соопштението, предлага на наредната владина седница да се измени уредбата и да се зголеми производната цена на брашното Т-500 за еден килограм од 40,9 на 45 динари, а на брашното Т-400 од 45 на 52 динари. Практично, барањето е да се зголемат цените во просек за пет динари, информира Политика.рс.

Главната причина, како што се наведува, за поднесување на ова барање е тоа што месечниот економски ефект врз заштедите на семејното домаќинство е помал и изнесува само околу 23 динари, но со уредбата се нанесува значителна економска штета на производителите на мали пакувања брашно. Друга причина е што цената на пченицата во меѓувреме се зголеми (од жетвата до денес) за околу 20 проценти. Директорот на „Житонија“ Здравко Шајатовиќ, вели дека е неприфатливо во еден сегмент од социјалната политика трошокот да се префрла на стопанските субјекти. Инаку, во продавниците килограм брашно Т-400 чини 54,90 динари, а Т-500 – 49,90 динари, според Уредбата за ограничени цени, но во некои продавници брашното е значително поскапо во зависност од производителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот