Српските медиуми тврдат: Фризерката на Колинда ја нападна сопругата на Шкоро

Во претседателската трка во Хрватска се вклучи и Рената Виншек, фризерката на Колинда Грабар-Китаровиќ, која на Фејсбук ги напиша своите видувања за „катастрофата“ ако победи Мирослав Шкоро, чија сопруга, американката Ким Ен Шкоро има српско потекло, објави српски Новости.

Рената Виншек во својот осврт на друштвените мрежи, текст кој е преполн со граматички грешки пишува:

„Тажно е ако првата дама на Хрватска, случајно сте Вие госпоѓо Ким, со српски црвени крвни зрнца, венчани во православна црква“. Тоа ќе биде светски преседан, а мојата Хрватска и ние Хрватите ќе бидеме познати како никогаш сложни. Ќе имаме Србинка за прва дама, тажно, не можам да го скријам своето разочарување“.

Родителите на Кин Ен Шкоро се родени во близина на Ријека. Таа завршила право како одличен студент на приватен католички универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот