Српските медиуми пишуваат: Северина го скарала семејството Којиќ, па побегнала во Загреб! (ФОТО)

Instagram
Фото: Instagram

Враќањето на Северина во Загреб и кршењето на полицискиот час во Белград не се случиле спонтано, туку тие се последица на расправиите во семејството Којиќ, кои како што пишуваат српските медиуми, ги предизвикала пејачката.

Северина / Фото: Инстаграм @severina

 

За време на пикот на пандемијата, Северина (48) престојуваше заедно со Игор (32) во семејната куќа на Којиќ, надевајќи се дека ќе го види својот син.

Како што пишува „Скандал“, Северина наводно успеала да се искара со Кеба (59), на кого е миленичка, како и со неговата сопруга Оља. На српскиот пејач му „прекипало“, па во еден момент доста бурно реагирал на желбите и барањата на Северина.

Северина со синчето Александар / Фото: Инстаграм @severina

По оваа расправија, сопругата Оља го испратила на „ладење“, за да може таа да се разбере со нивната снаа.

– Што глумиш ти веќе? Само предизвикуваш некоја несреќа! Ништо не ти недостига, па ќе го средиш проблемот со синот. Доста веќе! Ако некој беше покрај тебе, тоа бевме ние, а ти си постојано незадоволна. Спореди се со мене, јас во се гледам позитивно – наводно со овие зборови и се обратил Кеба на Северина.

Весникот „Информер“ оди толку далеку, па пишува дека после ова Северина и Игор ќе се разведат, а откако пејачката заминала во Загреб тие воопшто не комуницираат.

Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Споментатите медиуми пишуваат и дека расправијата ескалирала поради базенот. Северина, наводно имала подолга листа на желби, а од Игор барала да ја реновираат семејната куќа. Трн во око и бил базенот, кој не бил по нејзина мерка.

– Игор разговарал со Северина и кажал дека сега не е паметен момент да се дава пари на реновирање на куќа и дворот. Кеба уште долго нема да настапува поради пандемијата.

Северина со семејството Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Неговата заштеда се троши, а тие немаат други извор на приход. Тука жестоко се искарале, па Северина налутена ја напуштила куќата за време на полицискиот час, поради кој морала да плати казна – истанува соговорникот на весникот „Информер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот