Српските граѓани ќе пополнуваат е-картон при враќање од ризичните земји

Од петок во 18 часот, српските државјани кои се враќаат во Србија од земјите каде има голем број лица заразени со коронавирус, претежно од околните земји, ќе мора по електронски пат да се пријават во системот и доколку имаат симптоми, да се јават во Ковид амбулантите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, членот на Кризниот штаб, Предраг Кон изјави дека граѓаните кои се враќаат во земјата имаат обврска по електронски пат да се пријават во здравствениот систем, бидејќи не би било добро сите веднаш да брзаат во Ковид амбулантите.

Според него, повеќе од 50.000 лица се очекува да влезат во земјата на неделно ниво, така што никаква инспекција или контрола на самоизолацијата тоа не би можела да го издржи.

-Пријавата е нешто што веќе постои како тест за самооценување на порталот за е-Здравство и е прилично едноставна, бидејќи се внесуваат лични податоци, објасни Кон.

Самото пријавување е доволно за лицето да ја реши својата граѓанска обврска и ако добие некои симптоми, како што се треска, губење на чувството за вкус и мирис и други респираторни заболувања, тогаш тој ќе треба да се пријави во Ковид амбуланта.

Кон посочи дека самоизолацијата не може да се спроведе, како што претходно беше најавувано и дека истото важи и за PCR-тестирањето, бидејќи ако дојдат 50.000 луѓе, „тогаш лабораториите ќе се загушат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот