Српските епидемиолози сметаат дека новите мерки на кризниот штаб против ковид се задоцени и недоволни за сузбивање на пандемијата

Србија забележува зголемен број на нови случаи на заболени од ковид и зголемување на бројот на починати што го подигна алармот за воведување нови мерки во сузбивањето на пандемијата.

коронавирус

Српскиот кризен штаб по пауза од неколку недели се состана со цел да ги утврди новите мерки кои би се вовеле со цел да се запре ширењето на вирусот ковид.

Подолго време имаше несогласувања меѓу медицинскиот дел на штабот од една страна и политичко-економскиот дел од друга за тоа какви мерки треба да се воведат. Економистите и политичарите калкулираат со негативните економски ефекти од евентуалното ново затворање на Србија.

Од друга страна, медицинскиот дел подолго време предлага целосно затворање на Србија, по урнекот на Русија, која според последните информации прогласи неработни денови со цел да се намали ширењето на вирусот.

Србија, Кризен штаб / Фото: Архива

Барањето на српските медицински експерти беше Србија на 10 дена да се затвори и така да го намали ударот на новиот ковид-бран. Логиката беше дека во наредниот период доаѓаат традиционалните слави на кои граѓаните семејно се собираат и обично бидејќи е во затворени простории, може да додје до ново ширење на вирусот.

Наспроти ова, српскиот кризен штаб вчера донесе одлука за воведување на ковид-пропусници  за гостите кои во кафулињата ќе бидат од 22 часот до полноќ.

Предраг Кон Фото: МИА

Оваа мерка за главниот српски епидемиолог е недоволна. Епидемиологот Предраг Кон денска го поздрави воведувањето на ковид-пропусниците, но смета дека тоа е задоцнето и недоволно за да се спречи ширењето на вирусот.

Медицинскиот дел од српскиот Кризен штаб за борба против пандемијата предложил воведување на многу поостри мерки, изјави Кон додавајќи дека епидемиолошката состојба во Србија станала катастрофална.

Кон, кој исто така е член на Кризниот штаб на Владата на Србија за борба против епидемијата на коронавирус, рече дека очигледно не постои брз начин да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани во Србија за да се добие колективен имунитет.

Вакцинација против ковид-19 во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Зборувајќи за ковид-пропусницата, Кон смета дека е неопходно да се заостри контролата, и како што додаде, да биде јавно објавено кој ги крши мерките.

Бранислав Тиодоровиќ/ Фото: youtube/printscreen

Членот на Кризниот штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ денеска изјави дека воведувањето ковид-пропусници за сите угостителски објекти во затворен простор по 22 часот е само прва мерка во низата.

Тој најави дека се прави  стручна проценка, и дека првата наредна мерка што ќе ја воведе Србија во наредниот период ќе биде целосно преминување на онлајн настава, и укинување на вонучилшните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот