Српските десничари со Фејсбук политички кампањи против европскиот план

Фото: Ива Гајиќ / Радио Слободна Европа

Од почетокот на годината, десничарските партии и политичари во Србија вложија најмалку 7.000 евра за 48 реклами на Фејсбук против европскиот план за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, пишуваат косовските медиуми.

Платени реклами на социјалните мрежи стартуваа неколку политички партии во моментот на прифаќање на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кои беа прикажани меѓу 8,1 и 9,4 милиони пати на Фејсбук и Инстаграм, главно за машката публика.

 

Фејсбук објава на Милош Јовановиќ/Фото: Скриншот

Рекламите се објавени на Фејсбук страниците од страна на десничарското движење Двери, од лидерот на ова движење Бошко Обрадовиќ, лидерот на Нова демократска партија на Србија (Нови ДСС) Милош Јовановиќ, Движењето за обновување на Кралството Србија (ПОКС), како и страницата на ПОКС Бечеј, која е филијала на ПОКС.

Двери, ПОКС и Нови ДСС се три од четирите парламентарни партии кои организираа протести во март, на кои побараа отфрлање на Договорот за нормализација на односите со Косово.

Протест во Белград против Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија беше организиран на 24 март годинава.

Договорот за првпат беше прифатен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и од премиерот на Косово, Албин Курти, на крајот на февруари во Брисел, а Анексот за спроведување на Договорот беше договорен на 18 март во Охрид.

Точната сума не е позната, бидејќи Фејсбук Мета, матичната компанија на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, го покажува само рангот во кој е потрошена сумата.

Бојан Перков, истражувач во невладината фондација SHARE во Белград, која ги следи дигиталните права на граѓаните во Србија, вели дека, со оглед на тоа што се работи за приближни бројки, може да се постави прашањето колку всушност се транспарентни рекламните плаќања кои се вршат на Facebook.

Сепак, тој посочува дека секој што сака да плати за политички реклами преку платформата Мета мора да се регистрира во тој систем и да подлежи на некаква проверка.

„Кај некои политички актери, партиски и слично, може да се види името на конкретниот политичар или името на политичката партија која ги спонзорира рекламите, што некако потврдува дека огласот поминал низ системот и е верификуван, т.е. тоа е одобрено од Мета и нејзиниот систем“, објаснува Перков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот