Српските даночници продаваат запленети конзерви туна, фустани, парфеми или очила, аукцијата личи на „шведска маса“

Даночната управа на Србија не е само местото каде што се плаќаат даноците, туку и своевиден шопинг мол, што го потврдуваат постојаните аукции на одземената стока. Аукциите се речиси секојдневни и се чини дека понудата е се поразновидна.
И додека во минатото на овие аукции најмногу се продаваше запленети автомобили или шуми, пасишта, ливади од различни категории, денес оваа понуда е како „шведска маса“ од игла до локомотива, пишува Политика рс. Ако ја погледнете веб-страницата на Даночната управа ќе се изненадите што може да се продаде, под одредени услови. Веќе овој петок на аукција ќе се продаваат фустани чија цена се движи од 4.565 до 7.247 динари по парче, а вкупната вредност е околу 156.224 динари.
Освен тоа, во понудата се и евтини парфеми, очила за сонце со вкупна вредност од 1,5 милиони динари, тренерки, но и друга гардероба. Интересно е што сега на лицитацијата може да се најдат и конзерви туна која во продавниците чини околу 250 динари, а овде се продава за 83,50 динари или 165 динари во зависност од рокот. Има и аукција за супер убиец на комарци, како и за машки кошули. Според прописите на првото јавно наддавање движниот имот што е предмет на продажба не може да се продаде за помалку од 60 отсто од утврдената почетна вредност.