Српските Бони и Клајд сеат страв! Жените смислуваат злосторства, мажите ги извршуваат

илустрација

Љубовта го движи светот, тоа е едно од најубавите чувства, но што се случува кога љубовта ќе ги обедини оние на кои им е блиска мрачната страна? Во такви случаи често љубовниците заедно тргнуваат во крвав поход.

Некои од најмонструозните злосторства во Србија биле извршени од љубовници или сопружници.
Многу српски парови убијци со својата бруталност и суровост успејаа да го запрепастат целиот регион, а често ги споредуваат со Бони и Клајд, кои во 30-те години на минатиот век го шокираа светот како пар кој убиваше, крадеше и долго бегаше од законот.

Тандемот на смртта

Тандемот на смртта кој ги уби и ги ограби Раја Казимировиќ, неговата мајка, сестрата и внуката на имот во Јабуковац го сочинуваат Давор Перниќ и Маја Баџикиќ.

„Четири трупа се најдени на 9 август на имотот на Казимировиќ. Злосторството е извршено два дена претходно, а жртвите се убиени од две оружја. Неколку дена подоцна беше уапсен Давор Перниќ, тој признал дека сам пукал, а како мотив навел дека му биле потребни пари за лекување на љубовницата Маја Баџикиќ. Пред десетина дена Перниќ го смени исказот и ја обвини љубовницата за соучесништво, по што и таа е уапсена“, објаснува изворот за Курир.рс.

Монструозно убиство

Малиша Јевтовиќ и Ана Филиповиќ во 2005 година заедно со нејзината ќерка Катарина Јанковиќ (3) отишле во Ѕвездарската шума, каде што тој ѕверски го тепал и го силувал тригодишното девојче. Ана за тоа време чувала стража и пушела цигари, а на љубовникот му го дозволила злосторството. Монструозниот пар по изживувањето го одвел девојчето во куќата. Кога малата Катарина почнала да повраќа и да помодрува, ја однеле во болница и рекле дека паднала од кревет. Девојчето од повредите починало во болницата, а дополнително е утврдено дека подолго време била сексуално злоставувана, како и дека имала расцеп на црниот дроб и други внатрешни повреди. Злосторникот е осуден на 40 години затвор, а мајката на 37.

Убиство од страст

Даниела Џиласовиќ и нејзиниот љубовник Зоран Димиќ се уапсени поради сомнение дека во мај годинава го убиле Немања Грчиќ, сопругот на Даниела. Злосторството се случило додека Даниела и сопругот биле на одмор, кога убиецот, за кого се испоставило дека ѝ бил љубовник, влегол во колибата и пукал во Грчиќ. Со вештачење на телефонот откриено е дека Даниела и Зоран биле во повеќемесечна врска и дека таа му ја отворила вратата на љубовникот да го извши убиството.

Жените како мотиватори на злосторствата

Експертите велат дека од 90-те години сè поголем е бројот на жените кои учествуваат во крвави злосторства. Некои ги поттикнувале партнерите на крвопролевање, некои учествувале во нив, а некои ги премолчувале своите сознанија.

„Жените се главно водачи и идејни творци бидејќи размислуваат како да ја постигнат целта без емоции, но тие подоцна ги прикриваат трагите, го уништуваат оружјето и доказите. Ретко се директни извршители и таа улога ја препуштаат на посилниот пол, но често стојат и го гледаат злосторството“, вели некогашниот оперативец Божидар Спасиќ за Курир.рс и додава дека злосторствата што ги прават љубовните парови се најсурови.

Тој исто така истакнува дека дамите подолго ги подготвуваат убиствата, доста размислуваат за тоа и трпеливи се.

„Кога доаѓаат до оружјето, тие се надвор од контрола, немилосрдни се и имаат тенденција да ги надминат најголемите криминални умови во самиот начин на извршување, но и во прикривање на злосторството. Главно користат ладно оружје или отрови и хемиски средства, а најчесто се и нарачатели на убиствата бидејќи сметаат дека не се способни сами да го изведат тоа. Најчесто паѓаат кај нарачани убиства“, вели Спасиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот