Српските баскетчии по петти пат се светски шампиони

Фото: fiba3x3.basketball

Баскет репрезентацијата на Србија по петти пат е светски шампион откако во финалето на СП во баскет 3х3 што се играше во Антверпен, Белгија, со 21:16 ја совладаа Литванија.

Српските баскетчии фуриозно го започнаа финалето, поведоа до 5:0, а потоа имаа и водство од 8:1. Потоа следеше опуштање на Србија кое го искористија Литванците да ја намалат негативата и да се приближат на 13:10. Сепак,во продолжение, тројката Стојачиќ, Мајсторовиќ и Васиќ не дозволија изненадување и рутински го приведоа мечот до крајот за нова светска титула.


Србите доминираа во текот на целото првенство, остварија четири победи во групната фаза над Нов Зеланд (21:19), Порторико (21:19), Бразил (22:7) и Франција (22:15), а во четвртфиналето беа подобри од олимпискиот шампион Летонија (22:17), а во полуфиналето од Белгија (22:17). За најкорисен играч (МВП) на првенството е прогласен Дејан Мајсторовиќ.

Третото место и припадна на Франција која по продолжението ја совлада Белгија со 18:17.

Во женска конкуренција, нов светски шампион е селекцијата на Франција која во финалето беше подобра од Канада. Во натпреварот за третото место, Кина со 21:11 ја победи Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот